• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Макрон бара багетот да се најде на листата на УНЕСКО

Макрон бара багетот да се најде на листата на УНЕСКО

Париз, 14 јануари 2018 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел макрон побара популарниот француски леб багет да биде вклучен на листата на културно богатство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

- Целиот свет го сака багетот, изјави Макрон, поддржувајќи ја идејата на група француски пекари овој леб да се најде на листата на УНЕСКО.

Француските пекари беа поттикнати на оваа идеја откако минатата година на листата на нематеријално културно богатство на УНЕСКО беше вклучена италијанската неаполска пица.

Според пекарите, багетот не се карактеризира само по неговата форма и име, туку и по специфичниот рецепт за негова изработка. сп/09:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...