• A-
  • A
  • A+
петок, 20 октомври 2017, 

Ѓорческа го мина првото квалификациско коло на Австралија Опен

Ѓорческа го мина првото квалификациско коло на Австралија Опен

Мелбурн, 12 јануари 2017 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари првата победа во квалификациите на Грен слемот Австралија Опен. Таа ноќеска во Мелбурн во првото коло ја победи Саша Викери од САД со 2-1 во сетови за еден час и 40 минути игра.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6:2, Викери изедначи на 1-1 по 6:3 во вториот сет, а со истиот резултат Македонката славеше во решавачкиот трет сет.

Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против Далма Галфи од Унгарија. Овој меч е закажан за вечер во 3 часот по полноќ. зс/08:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.