• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Македонија против Тунис во првиот настап на СП 2017

Македонија против Тунис во првиот настап на СП 2017

Мец, 12 јануари 2017 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има својот прв настап на 25. Светското првенство што се одржува во Франција. Избраниците на селекторот Лино Червар за противник ќе го имаат Тунис.

Дуелот почнува во 17 часот и 45 и ќе се игра во Мец каде ќе се одржуваат сите натпревари од Б групата.

На другите две средби од 1.коло во оваа група се среќаваат:

Словенија – Ангола (14 часот) и
Шпанија – Исланд (20:45 часот).

Покрај натпревари од Б групата, денеска во Нант ќе се одиграат и преостанатите два дуела од А групата. Двојките се:

Русија – Јапонија (17:45 часот) и
Полска – Норвешка (20:45 часот).

На првиот меч од оваа група со кој беше отворен Мундијалот, синоќа во Нант, домаќинот Франција го победи Бразил со 31:16. зс/10:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателс...

Израелски научници се подготвуваат за мисија на Марс

Д - Марс е првиот проект спроведен во Израел во со...

Мадона уште еднаш на операција за подмладување

И на прагот од седмата деценија од животот, Мадона...

Доцнењето некогаш може да спаси живот

Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и п...

„Нестле Кит Кет“ прогласена за најдобра чоколада на светот

Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Н...