• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Македонија У-21 ги почна подготовките за дуелот со Црна Гора

Македонија У-21 ги почна подготовките за дуелот со Црна Гора

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Новата генерација македонски фудбалери до 21 година ги започна подготовките за првиот контролен натпревар против Црна Гора закажан за 24 март во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот на македонска репрезентација, Благоја Милевски, паралелно работи на два проекти. Од една страна подготвува нова генерација за пласман на Европското првенство во Италија за две години и се подготвува за историско учество на континенталните собири во Полска, во јуни годинава.

На 28 март селекцијата на Милевски која обезбеди место на континенталниот шампионат ќе одигра контролен натпревар против Бугарија.

- Во текот на вчерашниот ден го одработивме првиот тренинг, Енур Тотре се жалеше на мала повреда по првенствениот натпревар со Брегалница, но се надевам дека ќе биде во ред и ќе конкурира за настап против Црна Гора. Доцна синоќа пристигнаа Алекса Амановиќ и Алекс Симовски, а тоа значи дека во полн состав ќе тренираме денеска. Повторно нагласувам дека ова е последна проверка за новите фудбалери во тимот, или оние кои не беа во можност да бидат дел од селективните кампови, да го потврдат својот квалитет и на сите да ни потврдат дека имаат потенцијал за место во репрезентацијата во идниот квалификациски циклус, изјави селекторот Благоја Милевски. зс/11:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Се продава приватниот авион на Елвис Присли

Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот ...

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...