• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата

Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата

Лондон, 20 март 2017 (МИА) – Британецот Енди Мареј по завршувањето на Мастерсот во Индијан Велс ја зголеми разликата во однос на Новак Ѓоковиќ на чело на АТП листата. Иако Мареј во Индијан Велс настапот го заврши на самиот старт, тој ја зголеми бодовната предност во однос на Ѓоковиќ, поради тоа што Србинот  беше елиминиран во осминафиналето и загуби 920 бодови.

Разликата меѓу првиот и вториот тенисер во светот сега изнесува 3.090 поени, а истата дополнително ќе се зголеми по Мастерсот во Мајами, каде Ѓоковиќ е актуелен шампион, но поради повреда нема да ја брани титулата, поради што ќе загуби нови 1.000 поени.

Голем скок бележи и Роџер Федерер кој го осви Индијан Велс.

ТОП 10 тенисери на најновата АТП ранг листа:

1. Енди Мари (Велика Британија) 12.005 бодови

2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.915

3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.705

4. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.730

5. Милош Раониќ (Канада) 4.480

6. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.305

7. Рафаел Надал (Шпанија) 4.145

8. Доминик Тим (Австрија) 3.465

9. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.420

10. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.310. зс/14:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...