• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Пандев промовиран во Амбасадор на Суперкупот 2017

Пандев промовиран во Амбасадор на Суперкупот 2017

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска беше промовиран во Амбасадор на Суперкупот на УЕФА 2017, натпревар што треба да се игра во август во Скопје, меѓу освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Пандев се заблагодари за довербата и посака на 8 август на „Телеком Арена“ за трофејот во Суперкупот да се борат Јувентус или Барселона против Манчестер Јунајтед.

На денешната прес-конференција на Националната Арена присуствуваше и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој најави спектакл.

- Ќе бидеме домаќини на еден од најголемите настани. Горди сме што ја заслуживме можноста да бидеме домаќини на ваков настан. Благодариме на УЕФА за дадената доверба. Ова е сон на многу генерации фудбалски работници од минатото. Стадион по сите критериуми на УЕФА. Еден од најдобрите во регионот. Чест и задоволство Горан Пандев да биде амбасадор на Суперкупот, рече Ѓорѓиоски.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор најавија дека сите рокови се запазени и дека Арената ќе биде подготвена за големиот настан.

- Досега имавме преку 80 инспекции од УЕФА и ги спроведовме сите нивни укажувања и препораки. Арената официјално за натпревари ќе биде затворена по 11 јуни кога се игра квалификацискиот дуел Македонија - Шпанија. Потоа ќе работиме на подготовка на теренот, нагласи директорот Цветко Грозданов. зс/14:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...