• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Македонските фудбалери ги започна подготовките за Лихтенштајн

Македонските фудбалери ги започна подготовките за Лихтенштајн

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн на 24 март на гостински терен во Вадуц.

Селекторот Игор Ангеловски го одржа првиот тренинг во пресрет на дуелот во кој нашата селекција ја има улогата на фаворит.

-Никогаш и никаде нема да бараме алиби иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно добри фудбалери кои ќе одговорат на задачата и на обврските кој ќе им бидат зададени, вели Ангеловски.

Првиот човек од клупата ветува дека Македонија ќе оди на три бода, но сепак е претпазлив.

-Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок, но се надевам дека тоа ќе биде плус повеќе за да срушиме таа традиција, додава Ангеловски.

Иако во иаминатите четири меча македонските фудбалери играа одлично, сепак тие како и фудбалерите од Лихтенштајн се без ниту еден освоен бод во квалификацискиот циклус. ит/16:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...