• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

Јувентус го одбрани трофејот во италијанскиот куп

Јувентус го одбрани трофејот во италијанскиот куп

Рим, 18 мај 2017 (МИА) – Екипата на Јувентус трет пат во низа е освојувач на фудбалскиот Куп на Италија. Во финалето одиграно синоќа на „Олимпико“ во Рим, тие славеа победа на римски Лацио со 2-0.

До вкупно 12. трофеј во „Копа Италија“ тимот на Јувентус дојде со головите на Дани Алвеш (12.минута) и Леонардо Бонучи (24).

„Старата дама“ веќе в недела ќе има можност да ја освои и втората титула сезонава. Пред својата публика Јувентус со триумф против Кротоне ќе ја прослави и титулата шампион на Италија.

Доколку избраниците на Алегри пак успеат да триумфираат и во финалето на Лигата на шампионите каде за противник ќе го имаат Реал, тогаш тие ќе го достигнат достигнувањето на Интер од ерата на Жозе Мурињо, кој ги освои сите три титули. ит/зс/08:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Илјадници луѓе наседнаа на измамата за „зелената“ месечина

Илјадници луѓе наседнаа на лажната вест која се ши...

Нутриционистката која тврдеше дека веганството лекува рак – почина од карцином

Почина веганката Мари Лопез, која стана популарна ...

По децении трагање на Нептун забележана мрачна бура

Телескопот Хабл на Нептун забележа мрачна бура, ко...

Дени Бојл можен избор за режисер на „Бонд 25“

МГМ и Анапурна Пикчрс се се поблиску до реализациј...

Вештачка интелигенција ќе се користи за надзор на свињарски фарми

Кинеската трговска интернет страница „Алибаба“ нар...