• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 октомври 2017, 

Болидите на Мерцедес најбрзи на квалификациите во Сузука

Болидите на Мерцедес најбрзи на квалификациите во Сузука

Сузука, 7 октомври 2017 (МИА) - Двата болида на Мерцедес беа најбрзи на денешните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Јапонија.

Луис Хамилтон имаше најдобро време 1:27.319 минути, додека втор резултат постигна Валтери Ботас, но поради менувањето на менувачот ќе стартува пет места поназад во „стартниот грид“.

Трето време оствари Себастијан Фетел од Ферари, а зад него се пласира Даниел Рикардо од Ред Бул., Макс Верстапен (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари).

Во генералниот пласман води Хамилтон со 281 бод, пред Фетел со 247, а трет е Ботас со 222. мн/сп/11:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.