• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

Европскиот првак Вардар по нова победа во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар по нова победа во Лигата на шампионите

Сегед, 7 октомври 2017 (МИА) - Европскиот ракометен шампион Вардар попалднево е пред нов предизвик и дуел на гости со унгарската екипа ПИК Сегед. Ова е натпревар од 4.коло, а „вардарци“ заедно со Веспрем и Монпеље се екипите кои имаат максимален учинок.

Перфектниот старт го расипа Горење со поразот од Кадетен Шафхаузен во четвртокот со 31:28.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес очекува еден од најтешките дуели од стартот на сезоната, а за овој натпревар на располагање ќе го има голманот Страхиња Милиќ, кој поради повреда ги пропушти првите три натпревари.

Денешниот ривал на Вардар, по стартниот поразод Нант постигна две победи против Загреб и Кристијанштад.

Покрај натпреварот ПИК Сегед - Вардар денеска играат уште: Кристијанштад - Рајн Некар Ловен и Барселона - Нант (сите натпревари од групата А). Другите натпревари се играат утре, кога е настапот на македонскиот вицепрвак Металург на гости во Украина кај Мотор (група Д).

Претходно од групата на Металург од оваа рунда се одигра и дуелот Спортинг - Чеховски Медведи 31:30. мн/12:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ