• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Меси ја доби четвртата „Златна копачка“ во кариерата

Меси ја доби четвртата „Златна копачка“ во кариерата

Барселона, 24 ноември 2017 (МИА) - На најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси денеска му беше доделена наградата „Златна копачка“, која се доделува за најдобар стрелец во Европа.

Меси минатата сезона постигна 37 голови во Примера, три повеќе од Бас Дост од Холандија.

По бројот на „Златни копачки“ Меси сега се изедначи со Кристијано Роналдо, кој исто така четирипати бил најдобар голгетер на Стариот континент.

Меси златна копачка

Аргентинецот претходно беше најдобар во сезоната 2009-2010 кога постигна 34 голови, потоа во 2011-2012 со 50 голови и 2012-2013 со 46 погодоци. ссм/17:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...