• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Познат стартниот состав на Вардар за дуелот со Розенборг

Познат стартниот состав на Вардар за дуелот со Розенборг

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Македонскиот фудбалски првак Вардар вечерва во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ (почеток 21:05 часот) го игра последниот натпревар од 6.коло од групата Л од Лига Европа против шампионот на Норвешка Розенборг.

Тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски се реши следните 11 играчи, да го почнат дуелот: Филип Гачевски, Висар Муслиу, Бобан Грнчаров (капитен), Дејан Блажевски, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Никола Глигоров, Евгениј Новак, Бесир Демири, Итало и Хуан Фелипе.

На клупата за резерви се наоѓаат: Игор Алексовски, Џамбул Џигаури, Вања Марковиќ, Дарко Велоски, Филип Стојановски, Бесир Исени и Петар Петковски.

Натпреварот ќе го суди Сергеј Бојко од Украина.

Македонскиот првак Вардар на претходните пет дуели претрпе пет порази и во последното коло ќе се обиде да стигне до триумф или првиот бод.мн/вј/20:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...