• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Роналдо по петти пат ја доби „Златната топка“

Роналдо по петти пат ја доби „Златната топка“

Париз, 7 декември 2017 (МИА) – Играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, по петти пат ја освои наградата „Златна топка“ во традиционалната анкета на францускиот магазин „Франс фудбал“.

Роналдо вечерва на свечената церемонија во Париз го одбрани овој престижен трофеј благодарение на трофејот европски шампион со Реал, но и освојување на титулата во шпанската Примера.

Воедно, тој собори бројни рекорди на Лигата на шампионите кога станува збор за голови.

Португалецот се изедначи со Лионел Меси, кој исто така има пет „Златни топки“, но оваа година во изборот остана втор, веднаш зад Роналдо.

По нив на листа се најдоа: Нејмар, Џанлуиџи Буфон, Лука Модрич, Серхио Рамос, Килијан Мбеапе ... зс/23:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...