• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Миливојевиќ: Две ноќи немав спиено

Миливојевиќ: Две ноќи немав спиено

Лондон, 3 јануари 2018 (МИА) – Во период од три дена од трагичар до јунак е играчот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ.

На 31 декември во дуелот со лидерот на табелата Манчестер Сити, Миливојевиќ не реализраше пенал за својата екипа во последната минута и дуелот заврши без победник 0:0. Синоќа на гостувањето кај Саутемптон тој во 80.минута го постигна голот за победа на неговиот тим од 2:1, иако ривалот водеше со 1:0.

- Последните две ноќи немав спиено, ми беше тешко по промашениот пенал против Сити. Но, му благодарам на Господ што нашиот тим победи, а јас го постигнав решавачкиот гол за три бодови, изјави Миливојевиќ.

Кристал Палас се искачи на 14.место на табелата во Премиер лигата со 22 бода.

За Миливојевиќ ова беше шести гол во дресот на Кристал Палас во Премиер лигата, а четврти сезонава. мн/гт/16:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...