• A-
  • A
  • A+
недела, 18 февруари 2018, 

Судбина: Левандовски гони рекорд на Хајнкес

Судбина: Левандовски гони рекорд на Хајнкес

Минхен, 9. февруари 2018 (МИА) - Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски цели на изедначување на рекорд во Бундеслигата, кој се уште го држи неговиот тренер Јуп Хајнкес. Се зависи од тоа дали полскиот репрезентативец ќе се запише утре во листата на стрелците, во дерби дуелот со Шалке 04.

Левандовски во овој момент има 18 гола во германското првенство, а ако повторно даде гол, ќе се изедначи со постигнувањето на Хајнкес од сезоната 1972/1973, кога тој постигна гол во секој од првите 11 домашни мечеви на Борусија Менхенгладбах.

- Мислам дека мојот тренер ми држи среќа, изјави Левандовски на веб-страницата на клубот. „Ако можам да го повторам неговото достигнување, и двајцата ќе бидеме во добро расположение. Тој беше добар стрелец и е одличен тренер. Секогаш се обидува да ми помогне, не сум добил лош совет од него“, прокоментира напаѓачот. вз/цч/19:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.