• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Наполи игра подобар фудбал од Јуве, убеден е Липи

Наполи игра подобар фудбал од Јуве, убеден е Липи

Неапол, 9. февруари 2018 (МИА) - Легендарниот тренер, Марчело Липи го пофали Наполи за својата игра оваа сезона. Тимот на Маурицио Сари води пред Јувентус со поен по 23 круга во калчото и секој трепери во пресрет на разврската.
 
- Јуве е изграден како тим да освои се, но сепак Наполи игра подобар фудбал, изјави италијанскиот стручњак за „Газета дело Спорт“, кој во својата кариера ги водел и двата тима.
 
- Масимилиано Алегри има два состави и секогаш измислува нешто ново, кога се прават промени. Сари пак практикува убава игра, но во неговиот тим фудбалерите полесно се разбираат, бидејќи тој се обложува на истите. Скудето? Трката за титулата продолжува, но Наполи ќе биде голем удар ако го загуби, додаде Липи, кој во моментов е селектор на Кина. вз/20:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ