• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Мурињо: Немам проблем со Погба, но тој може повеќе

Мурињо: Немам проблем со Погба, но тој може повеќе

Манчестер, 9. февруари 2018 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека ѕвездата на тимот Пол Погба има многу што да подобрува во настапот, иако многу малку играчи имаат поголем потенцијал од неговиот.
 
Португалецот изјави дека нема проблем со францускиот репрезентативец, откако го извади од првиот тим при победата со 2:0 од Хадерсфилд Таун во Премиер лигата.
 
Ова беше прва ваква случка со 24-годишниот играч по рекордниот негов трансфер во вредност од 89 милиони фунти во текот на летото на 2016-та.
 
- Пол се однесува многу професионално. Оваа недела не е исклучок. Тој работи, добар професионалец е, сака да тренира. Никогаш не сум имал ни единствен проблем со него, изјави Мурињо.
 
- Кога луѓето ме прашуваат за најдобрата позиција - тој е играч од полудефанзивата. Сѐ зависи од тактичкиот систем, но секогаш ќе остане халф. Живееме во свет на мислења, па луѓето можат да се збунат. Меѓу мене и Пол сепак нема проблем. Тешко е да се најде играч од средниот ред со поголем потенцијал од Пол, вели Специјалниот.
 
- Тој треба да е комплетен играч на 24 години? Секој играч еволуирал до крајот на својата кариера. Како момче има повеќе работи, во кои можете да се развивате, но до крајот на својата кариера има нешто, што може да научите или да се адаптирате. Не гледам проблем во тоа“, додаде Мурињо. вз/20:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ