• A-
  • A
  • A+
недела, 25 февруари 2018, 

Федерер и Ѓоковиќ го пропуштаат турнирот во Монте Карло ?

Федерер и Ѓоковиќ го пропуштаат турнирот во Монте Карло ?

Монте Карло, 9 февруари 2018 (МИА) - Повеќето главни ѕвезди на машкиот тенис ќе учествуваат во „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Листата за 112-то издание на турнирот ќе биде официјално објавена во март.
 
Директорот на трката, Жељко Франуловиќ, рече дека „сите најдобри играчи ќе учествуваат на турнирот“. Сепак, ова не е сосема сигурно. 
Во овој момент, не е јасно дали овој турнир ќе влезе во програмата на две од најголемите ѕвезди - Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Швајцарецот може да ја пропушти целата сезона на земја додека Ѓоковиќ се рехабилитира од операцијата на лактот.
 
Франуловиќ објави дека е задоволен од продажбата на билети до овој момент, откако таа е зголемена за 6% во споредба со 2017 година. лани на настанот присуствуваа над 135.000 луѓе. 
 
Во последните две сезони, Рафаел Надал е неприкосновен победник на турнирот. вз/20:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ