• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Во Италија и во Албанија запленти 1,4 тони марихуана

Во Италија и во Албанија запленти 1,4 тони марихуана

Тирана,11 јануари 2017(МИА) – Италијанската полиција во две одделени акции заплени 900 килограм марихуана прошверцувана од Албанија.

Во првата акција, во близина на градот Лече, заплнети се 700 килограми марихуана, чија вредност на пазарот достигнува четири милони евра.

Дрогата била транспортирана со моторен чамец, што испловил од албанскиот приморски град Валона, и преку Отранто пристигнал на италијанскиот брег.

Во близина на Бриндизи полицијата запленила 200 килограми мархихуана и уапсила двајца албански државјани, на возраст од 25 односно 32 години. Дрогата била скриена во стан во населебата Џианкола во близина на морскиот брег.

Во меѓувреме албанската полиција заплени 500 килограми марихуана што со моторен  чамец требало да се транспортира до италијанскиот брег.

Според полицијата, дрогата била откриена во месноста „Заливот на Дафина“,на крајбрежјето, кај Валона,пакувана во дваесет пакетиња. вт/сд/20:24

###

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателс...

Израелски научници се подготвуваат за мисија на Марс

Д - Марс е првиот проект спроведен во Израел во со...

Мадона уште еднаш на операција за подмладување

И на прагот од седмата деценија од животот, Мадона...

Доцнењето некогаш може да спаси живот

Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и п...

„Нестле Кит Кет“ прогласена за најдобра чоколада на светот

Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Н...