• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Најмалку 22 повредени при судар на два воза кај Нови Сад

Најмалку 22 повредени при судар на два воза кај Нови Сад

Белград, 12 јануари 2017 (МИА) - Најмалку 22 лица се повредени синоќа при судар на патнички и товарен воз во близина на српскиот град Нови Сад, јави Танјуг.

Според директорот на железничкото претпријатие „Србијавоз“, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди. 

- Сите повредени се вон животна опасност, но засега немаме инфромации колкумина од нив ќе бидат задржани на болничко лекување, рече Јовиќ.

Според извори во српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, несреќата се случила кога патничкиот, што сообраќал на релација Нови Сад - Сомбор, удрил во последниот вагон од товарната композиција што се движела пред него.

Во време на сударот патничкиот воз се движел со брзина од 15 километри на час.

Засега не се познати причините за сударот, како ни зошто двата воза се движеле по ист колосек. сп/07:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...