• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Штир: Испраќањето на хрватски војници во балтичките земји не е провокација за Русија

Штир: Испраќањето на хрватски војници во балтичките земји не е провокација за Русија

Загреб, 21 април 2017 (МИА) - Планираното распоредување на хрватски војници во рамки на силите на НАТО во балтичкиот регион не е насочено против Русија, туку претставува знак на солидарност со сојузниците од НАТО, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Давор Иво Штир во одговор на предупредувањата од Русија дека натрупувањето војници од Алијансата на Исток претставува акт на провокација, јави Хина. 

Оваа година НАТО планира да распореди околу илјада војници во сите балтички земји и во Полска, како дополнување на американските контингенти што веќе се распоредени во регионот. 

Тие сили ќе вклучуваат до 300 хрватски војници, кои ќе бидат распоредени во Полска до крајот на 2017 година и во Литванија кон почетокот на 2018 година, според предлогот на хрватската Влада, што претстои да биде одобрен од страна на Парламентот. 

- Тоа не е насочено против никого, туку претставува знак на солидарност во рамките на НАТО, изјави Штир на заедничката прес-конференција со неговиот литвански колега Линас Линкевичус. 

- Во нашите билатерални односи со Русија ние дејствуваме како член на ЕУ и НАТО, но исто така сме отворени и за дијалог, посебно што се однесува на ситуацијата во југоисточна Европа и Босна и Херцеговина, додаде Штир. 

Хрватскиот министер за надворешни работи планира посета на Москва подоцна овој месец. 

Линкевичус изјави дека од другата страна на границата се распоредени 300.000 војници во западниот дел на Русија, кои се снбдени со најмодерно оружје, што може да носи боеви глави. 

- Ние нема да ја ескалираме ситуацијата, но ќе испратиме јасна порака, дека сме тука, истакна тој. см/ссм/17:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ