• A-
  • A
  • A+

сабота, 29 април 2017, 

Изјава на Ципрас по повод 50-годишнината од воениот преврат во Грција

Изјава на Ципрас по повод 50-годишнината од воениот преврат во Грција

Атина, 21 април 2017 (МИА) - 21 Април 1967 е денот кога демократијата во нашата земја беше укината и политичките слободи беа целосно потиснати. Беа потебни седум години борба за да се врати парламентаризмот и да се трасира патот за консолидација на демократијата во нашата земја, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по повод на 50-годишнината од воениот преврат во Грција.

- Денеска им оддаваме почит на оние кои придонесоа во борбата против диктатурата. Но, исто така мораме да бидеме претпазливи, затоа што политичката и економската криза во Европа ја враќа опасноста од сериозно враќање назад, како за демократските правила, така и за гарантираните индивидуални и социјални права. Годишнината од 21 април треба да не потсети дека единствениот пат кон иднината, и во Грција и во Европа, е патот на демократијата и солидарноста, додаде Ципрас. јт/ссм/17:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ