• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Хан: Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани

Хан: Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани

Принстон, 21 април 2017 (МИА) - Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, предупреди дека доколку Европската Унија се двоуми во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се „ангажира“ во овој регион.

- Како што знаеме, политиката се гнаси од вакуум. Ако се колебаме во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се ангажира и тој некој веќе се обидува, рече Хан на Универзитетот Принстон.

Според него, проширувањето на ЕУ, со сите услови и критериуми, „е најдобрата безбедносна политика“ што Унијата кога било  ја имала, но таа не е „бесплатен ручек“, пренесе Танјуг.

- Само локалните лидери можат да ја средат работата и да и ја претстават на своите граѓани. Тие мораат да ја преземат одговорноста и да градат врз веќе постигнатиот напредок, нагласи тој.

Мораме да видиме политичка волја место политички игри, и вистинско спроведување на реформите, не на хартија, туку на терен, особено во клучните области од владеењето на правото, конкурентноста и поврзувањето. Тоа може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки, не постои алтернатива. Нивните граѓани тоа го знаат“, порача Хан.

Хан заклучи дека Унијата е „далеку најдобрата игра во градот“, но нагласи дека сите мораат да бидат подготвени да ја играат.

- Мораме да бидеме подобри и поцврсти во користењето на нашата мека моќ на привлекување. Не смееме да ја земеме здраво за готово. Европската гравитација може да биде сила на природата, но мора интелигентно да биде распоредена“, порача Хан. сд/ссм/18:33

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бе...

Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците

Се очекува дека резистенција на антибиотици, однос...

„Егзит“ во март 2018 година почнува со нов фестивал на Јахорина

Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плаж...

Вуди Ален за Вајнстајн: Сето тоа е многу тажно, но ...

Целата афера околу Харви Вајнстајн е многу тажна з...

Фон Триер демантира дека сексуално ја малтретирал Бјорк

Данскиот режисер Ларс фон Триер денеска во интервј...