• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Багдад бара Иран и Турција да ги затворат границите кон Ирачки Курдистан

Багдад бара Иран и Турција да ги затворат границите кон Ирачки Курдистан

Анкара, 7 октомври 2017 (МИА) - Ирачкото Министерство за надворешни работи упати писмо до Владите на Турција и на Иран со кое „ги замолува“ да ги затворат сите премини на нивните граници кон автономниот регион Ирачки Курдистан, јави турската агенција Анадолија.  

Во писмото Багдад, исто така, бара од Анкара и Техеран да ги ограничат испораките на нафта и други енергенси од Ирачки Курдистан.

Односите меѓу регионалните властите на Ирачки Курдистан и централната влада во Багдад се влошија поради одржувањето на референдумот за независност на регион на 25 септември. Според официјалните резултати, дури 90 проценти од гласачите на референдумот се изјасниле за независност.

Властите во Багдад не го празнаваат референдум и го прогласија за противзаконски, а тој беше осуден и од Турција, Иран и најголемиот дел од меѓународната заедница. сп/11:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Турската полиција ослободи 7.500 жаби одземени од ловокрадци

Турската полиција пушти на слобода околу 7.500 жаб...

Седум соништа кои претскажуваат свадба

На сите ни се случило да сонуваме нешто за коешто ...

Како државите ги добиле своите називи

Едно неодамнешно истражување спроведено во Оксфорд...

Алкотраз - ноќен клуб во кој е дозволено да „прошверцувате“ пијалак

Првиот лондонски коктел бар Алкотраз, кој е инспир...

Објавени најстрашните локации во Англија во пресрет на Ноќта на вештерките

Здружението Инглиш херитејџ објави список на некол...