• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Словенечките разузнавачи стапија во штрајк

Словенечките разузнавачи стапија во штрајк

Љубљана, 7 декември 2017 (МИА) - Вработените во Словенечката разузнавачка агенција (СОВА) денеска почнаа штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови.

Министерот за јавна администрација на Словенија, Борис Копривникар, рече дека штрајкот е „изненадувачки и единствен".

Копривникар потсети дека разузнавачите со законот се должни да обезбедат основно функционирање на агенцијата за разузнавање со цел зачувување на националната безбедност.

Словенечките медиуми објавија дека штрајкот започна денеска, а работниците на СОВА се жалат дека биле малку платени и дека нема вработено доволно луѓе.

Засега не е познато колку луѓе учествуваат во штрајкот.  ир/зш/16:53

###


       

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...