• A-
  • A
  • A+
четврток, 18 јануари 2018, 

Во Косово функционерите со повисоки плати, студентите со пониски стипендии

Во Косово функционерите со повисоки плати, студентите со пониски стипендии

Приштина, 3 јануари 2018 (МИА) – Универзитетот во Приштина донесе одлука со која се намалува износот на средства за стипендии, кои им се доделуваат на најуспешните студенти.

Во одлуката донесена од Управниот одбор на Универзитетот стои дека висината на стипендијата за академската 2017/2018 година ќе изнесува 500 евра, а се доделува врз основа на постигнатиот успех во академската 2016/2017 година.

- Намалувањето на износот на студенските стипендии е присутно неколку години наназад. Во 2014 година таа изнесуваше 900 евра додека лани тој износ беше 600 евра, а се исплаќаше со задоцнување, јавуваат косовските медиуми.

Приштинскиот универзитет за стипендии годишно исплаќа над 900 илјади евра.

Вакавата одлука наиде на остри критики и поради фактот што во време кога се намалуваат стипендиите косовските функцонери си ги зголемија платите.

Така премиерот Рамуш Харадинај има двојно поголема плата или 2.950 евра, замениците-премиери 2.500, а министрите по 2.000 евра. Повисоки плати имаат и шефот на државата 3.635 и претседателот на Парламентот 2.906 евра. вт/гт/16:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...

Воз што лае пуштен во промет во Јапонија

Во Јапонија е пуштен во промет воз што преку звучн...

Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп

Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: I...