• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Харадинај: Косово треба да го прости, но не и да го заборави минатото

Харадинај: Косово треба да го прости, но не и да го заборави минатото

Приштина, 9 февруари 2018 (МИА) - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека единствениот договор со Србија, кој ќе донесе мир меѓу народот во Косово, ќе биде взаемното признавање.

Харадинај во интервју за „Гласот на Америка“ истакнува дека тоа би значело дека Косово ќе го прости, но нема да го заборави минатото.

По повод новата стратегија на Европската унија за Западен Балкан, тој вели дека Косово треба да „си ја заврши работата“ иако ЕУ го оставила настрана, со тоа што не одредила рок за негово членство.

Харадинај додава дека треба да се најде решение за статусот на Косово, затоа што не може ЕУ да тврди дека Косово има европска перспектива, а во исто време тоа да не може да се доближи до Унијата, затоа што некои нејзини земји членки не го признаваат. јт/сп/17:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.