• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Зоолошката градина во Битола со дополнително греење за кафезите на животните

Зоолошката градина во Битола со дополнително греење за кафезите на животните

Битола, 12 јануари 2017 (МИА) - Јавната општинска установа „Зоолошка Градина“-Битола врши дополнително греење за кафезите, животинскиот свет е згрижен и не се изложува на ниските температури.

Според директорот Ѓоко Дамевски, благодарение на навремено извршените подготовки за работа на ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола во зимски услови и обезбедените резерви храна, не е забележан нити еден проблем кај животинскиот свет.

- Во „Зоолошката Градина“ имаме 254 животни единки од 67 животински видови кои се сместени во 35 објекти. Во овој момент сите животни се здрави, згрижени со обезбедена храна и греење. Посебно топловодно греење е инсталирано за најновиот жител во Градината, нилскиот коњ „Берта“, кој е сместен во целосно автоматизирано живеалиште кое има сонди во водата, сензори во воздухот и дополнително подно греење, а се греат кафезите на мајмуните и на други животни кои се чувствителни на ниски температури, истакна Дамевски.

Од ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола информираат дека во пресрет на студениот и снежен бран обезбедиле 3 тони месо и луцерка, резервна храна за до крајот на идниот месец.

- Единствен проблем е свежата вода, бидејќи таа кај отворените живеалишта брзо мрзне, но затоа пак нашите екипи постојано ја менуваат со цел да нема ни такви проблеми. Паралелно со грижата за животинскиот свет размислуваме и за обезбедување нови животни кои најчесто ги добиваме од нашите потврдени поддржувачи, зоолошките градини во Скопје и Белград. Како што е познато лани од Белград добивме питон, боа, меркати, непалски рисови и лебеди, а од Скопје го добивме атрактивниот нилски коњ „Берта“ и други животни за кои секојдневно професионално се грижиме, потврди Дамевски. мт/вг/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателс...

Израелски научници се подготвуваат за мисија на Марс

Д - Марс е првиот проект спроведен во Израел во со...

Мадона уште еднаш на операција за подмладување

И на прагот од седмата деценија од животот, Мадона...

Доцнењето некогаш може да спаси живот

Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и п...

„Нестле Кит Кет“ прогласена за најдобра чоколада на светот

Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Н...