• A-
  • A
  • A+

среда, 23 август 2017, 

Кочанчани и вечерва со поддршка „За заедничка Македонија“

Кочанчани и вечерва со поддршка „За заедничка Македонија“

Кочани, 20 март 2017 (МИА) - Граѓаните на Кочани и вечерва со протестен марш низ улиците на градот и дадоа подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. Протестниот марш започна од Паркот на револуцијата, продолжи низ кочанските улчици долж кочанската река и низ трговскиот центар за да заврши на местото од каде што започна.

Учесниците на протестниорт марш уште еднаш ја покажаа својата сплотеност како македонски народ во борбата за зачувување на интергритетот и самостојноста на државата.

На присутните пред споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани им се обрати поетот Ефтрим Клетников кој во името на Македонскиот манифест потсети на последиците кои можат да се случат од редефинирањето на државата и воведувањето на албанскиот за втор службен јазик.

-Сплотени сите заедно да ја сочуваме унитарноста на државата, зошто ние друга држава немаме. Не сакаме поделеност во државата, ние сме за единство во кое просперитет ќе имаме сите, истакна Клетников.

Протестот во Кочани се одвиуваше мирно и достоинствено без инциденти, а за утре е закажан нов протестен собир за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. кг/вј/19:12

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Рајан Гослинг и Харисон Форд во продолжението на „Блејд Ранер" (видео)

Денис Вилнев, моментно еден од најбараните режисер...

Марк Вoлберг - најплатен глумец во светот

Според годинешната листа најплатени актери во свет...

Почна снимањето на продолжението на „Мама миа“

Хитот од пред една деценија, филмот „Мама Миа" ќе ...

Трка на жирафи и носорози во зоолошка во САД по повод еклипсата

Штурците и другите животни станаа побучни кога зоо...

Двојка од САД си го крсти бебето Eклипс (затемнување)

Брачна двојка од Јужна Каролина, САД, го крсти сво...