• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Протестен марш во Кавадарци

Протестен марш во Кавадарци

Кавадарци, 20 март 2017 (МИА) - Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва реализираше протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати Акександар Панов, кој рече дека не прифаќаат никаква Тиранска платформа. 

-Никакви тирански договори преговори и заговори создадени во туѓи држави и од туѓи политичари, не смееме да дозволиме да ја разнебидат и да ја урнисат нашта историска, нашата вековна, нашата библиска татковина Македонија. Зашто таа е се што имаме и што ни остана заветно од нашите родители, нагласи тој.

Притоа додаде дека една земја, една нација, еден народ не може да се прекројуваат како шамивче по туѓи желби и намери.

-Затоа браќа и сестри да се здружиме сите заедно во одбрана на нашата историски создадена држава, одбрана на нашиот убав македонски јазик, нашата вековна нација, грбот химната и одбрана на нашето преубаво и од Бога дадено име Македонија. Да не дозволиме никакви туѓи орли да слетаат на нашето црвено жолто знаме. Да се сплотиме сите заедно без разлика кои сме и какви сме, зашто иста судбина делиме. Да се сплотиме сите заедно браќа и сестри во одбрана на унитарна Македонија, на единствена Македонија, на вечна Македонија, рече тој, најавувајќи протест и за утре. сд/вј/19:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...