• A-
  • A
  • A+
четврток, 30 март 2017, 

За прв пат протестен марш и во Росоман

За прв пат протестен марш и во Росоман

Росоман, 20 март 2017 (МИА) - За прв пат вечерва протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беше организиран и во Росоман, пред присутните говореше Мирјана Јошева, наставник по македонски јазик. 

-Нашите предци со крвави букви ја испишувале историјата на овој наш изнапатен народ за да денес една политичка опција, водејќи се пред се од личен интерес и желба за власт, гази врз нашиот соживот и национални интереси. Не сме овде за да напаѓаме некого или обвинуваме, овде сме за да се повикаме на свеста и совеста, на секој поединец, на секој Македонец, Србин, Ром жител на оваа општина, нагласи Јошева.

Притоа повика да не се уништува она што со години е градено.

-Со сила сакаат да ни наметнат албански јазик, да ни ја федерализираат државата и да не направат бинационална држава. Менувањето на Уставот и националните обележја се само прв чекор кон менување на името на нашата држава и губење на нашата самобитност. Јазикот е тој што не легитимира како Македонци, додаде Јошева. сд/вј/19:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ