• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Протест во Струмица на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Протест во Струмица на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Струмица, 20 март 2017 (МИА) - Пораки за заедничка Македонија на сите граѓани упатија вечерва од градскиот плоштад група граѓани кои се вклучија во иницијативата „За заедничка Македонија“.

Од пред споменикот на Гоце Делчев, говорниците порачаа дека народот ја чува Македонија и нејзиниот идентитет.

Им забележаа на дел од албанските политичари за негирање на државотворноста на Македонија искажани при јкавни настапи, истакнувајќи дека корените на Македонците датираат векови наназад.

Претставникот на турската заедница во Струмица, истакна дека е македонски Турчин, кој како што рече, сака да живее заедно со своите сограѓани со исти права, додавајќи дека Македонија е неговата татковина и дека тие како етничка заедница ќе застанат на браникот на нејзиниот опстанок.

Групата граѓани ги прочита и пораките за зачувување на унитарноста на Макеоднија, службен јазик македонскиот, со поставени знамиња на сите места кои се со закон пропишани, дебата околу измени на правото на гласање и парични казни доколку не е исполнета оваа граѓанска обврска...

Граѓаните потоа тргнаа во мирен марш низ централното градско подрачје. кд/вј/19:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...