• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Марш на „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка

Марш на „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 20 март 2017 (МИА) - Граѓаните на Крива Паланка и вечерва излегоа масовно на улиците на градот давајќи поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Единаесетти пат по ред од Крива Паланка беше упатена порака за зачувување на суверенитетот, отфрлање на тиранската платформа и неприфаќање на двојазичност. Се маршираше од поранешен Далфис, низ старата градска чаршија, долж главната улица Свети Јоаким Осоговски, преку центарот на градот се до зградата на локалната самоуправа. Протестот заврши со собир на плоштадот Карпошово Востание од каде беше порачано дека маршевите продолжуваат до отфрлањето на тиранската платформа.

Граѓаните мирно се разотидоа, а за утре најавија нов протестен марш.

Вечерва за првпат се одржа марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ и во општина Ранковце.ид/вј/20:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...