• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Кумановци од две собирни места се приклучија на маршот „За заедничка Македонија"

Кумановци од две собирни места се приклучија на маршот „За заедничка Македонија"

Куманово, 20 март 2017 (МИА) - Кумановци и вечерва се приклучија на маршот кој го организира иницијативата „За заедничка Македонија“, но овој пат тргнаа од две места, од кај спортската сала и од населбата „Перо Чичо“.

Тие уште еднаш ги повторија барањата за зачувување на унитарниот карактер на државата, заштита на Уставот, отфрлање на тиранската платформа. Како и претходните вечери и овој пат маршот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на кој се обрати, Стојанчо Стефановски, кој порача дека граѓаните кои ја сакаат Македонија, ја чуствуваат за своја нема да им дозволат разнебитување на оние кои го посакуваат тоа.

- Народот, кој излегува на улиците по градовите од Македонија го покажува семакедонскиот крик за одбрана на својот идентитет, за симболите на државата и за работите кои во наследство, преку борба ги оставиле претходните генерации, рече Стефановски.

На велепредавниците, додаде, треба да им се каже дека им е доста од нивната, како што истакна, кукавичка политика.

- Загрозени сме од ние кои сакаат по секоја цена да дојдат на власт, па макар и да не снема и како народ и како држава. Тоа нема да го дозволиме, ќе им суди историјата и наредните поколенија. Предавниците прифраќаат странски платформи со кои се обвинуваат наши пријателски народи, комшии за наводен геноцид, се искривува партизанската историја. Ќе го браниме и Илинден и АСНОМ и комитите и партизаните, оти се Македонци и сме Македонци, рече Стефановски.

Бараме, додаде, сите Македонци кои не се сложуваат со туѓите платформи да излезат на улиците, оние кои се против федерализација и дефинтивното распрачување и оние кои се за за единствена Македонија да ни се придружат. Со таква масовност ќе може да се застане на патот на оние кои сакаат да ја редефинираат Македонија.

- Најважно од се да им покажеме на творците на вакви проекти за уништување на цели држави дека македонскиот народ ги откри и нема да им дозволи и ќе ја брани својата земја, потенцира Стефановски.

Тој упати барање од МПЦ, од владиците, но и од МАНУ да го поддржат народот во неговите барања. ам/вј/20:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бе...

Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците

Се очекува дека резистенција на антибиотици, однос...

„Егзит“ во март 2018 година почнува со нов фестивал на Јахорина

Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плаж...

Вуди Ален за Вајнстајн: Сето тоа е многу тажно, но ...

Целата афера околу Харви Вајнстајн е многу тажна з...

Фон Триер демантира дека сексуално ја малтретирал Бјорк

Данскиот режисер Ларс фон Триер денеска во интервј...