• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

„Мачорот во чизми“ - премиера на Театарот за деца и младинци

„Мачорот во чизми“ - премиера на Театарот за деца и младинци

Скопје, 11 април 2017 (МИА) - Театарот за деца и младинци (ТДМ) утревечер премиерно ќе ја изведе бајката од Шарл Перо  „Мачорот во чизми“ во режија на Игор Ивковиќ и драматизација на Горјан Милошевски. Ќе играат осум актери од театарот, а ангажиран е и познат магионичар. 

Режисерот Ивковиќ на прес-конференција рече дека се стремеле да направат херојска, урбана и динамична комедија во која има магија, илузија, бои и музика и дека покрај децата во неа ќе уживаат и родителите. 

- Создадовме приказна која е базирана на оригиналната на Шарл Перо и потекна од идејата што се случува ако го анализираме насловот - Мачорот во чизми. Дојдов до констатација дека ако се чизмите предмети, кога ќе ги обуе мачката - треба да се случи чудо. Какво е тоа чудо што му се случува, сугурно е нешто необично што му дава посебна моќ. Во претставата доминира магијата и илузијата, илуминацијата со светлина и бои, многу интерактивна и динамична приказна во која, верувам, ќе ужива секое дете, рече Ивковиќ.

Милошевски рече дека мачорот кој од старата бајка е пргав, но и лажго и манипулатор, сега е пргав но е духовит. - Мислев дека треба да биде покреативно - мачорот не мора да лаже, не мора да биде манипулатор, тој може да биде духовит, а да го има пргавиот дух, и таков мачор испишав - кој ги обединува сите. Тој не е сам суперхерој и за да се бори му треба екипата што ја има. Ми се допаѓа што во целата приказна работат како колектив - Мачорот заедно со Каспер и чизмите. Идејата е да се пренесе тој заеднички дух што се бори против злото. Приказната е едноставна и има богатство од ликови, истакна Милошевски.

Прес за Мачорот во чизми

Улога на Мачорот Макс ќе ја игра Мартин Јорданоски кој рече дека режисерот се впуштил во голема задача - да спои во едно магионичарски трикови со театарска претстава што, смета тој, е комплицирано да се направи. Во актерската екипа се и: Марија Ѓорѓијовска, Емра Куртишова, Мики Анчевски, Ана Левајковиќ-Бошков, Ненад Митевски, Винета Дамческа-Мојаноска и Владимир Лазовски. 

За магијата во претставата е ангажиран илузионистот Гого Реквием (Георги Гавровски) кој рече дека за публиката да поверува во магијата, треба и самиот магионичар да верува во она што го работи. Ги пофали актерите зашто покрај актерскиот талент тие, како што рече, се и родени магионичари. 

- Но ова не е магионичарско шоу, ова е бајка со магионичарски ефекти. Јас не ги кажувам  трикови, затоа што јас верувам во магија. Одушевен сум од екипата и кога ги видов крајните продукти на претставата, јас се смеев како дете. Тоа значи дека им поверував. Ова ќе биде хит во Македонија, а претставата ќе има голем успех и надвор од државата, рече илузионистот. 

Музиката за претставата е на Виктор Апостоловски, кој беше задолжен и за претходната премиера на ТДМ „Гига мега бајка“, кореограф е Валентино Апостоловски, сценографијата и костимите ги изработи Маре Трајковска-Стефаноска.  

Директорот на ТДМ Братислав Димитров рече дека целта им е секоја нивна претстава да се разликува од претставите на други театри кои прават претстави за деца за, како што рече, да ја издржат конкуренцијата. 

- Секоја од нашите пиеси да има некое чудо, од кој било аспект, и мислам дека оваа премиера е резултат на таа наша заложба, рече Димитров. хс/са/12:44

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...