• A-
  • A
  • A+

сабота, 29 април 2017, 

Одбележан патрониот празник на штипската касарна Јане Сандански

Одбележан патрониот празник на штипската касарна Јане Сандански

Штип, 21 април 2017 (МИА) - По повод чествувањето на 102 годишнината од смртта на истакнатиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански, денеска во штипската касарна, која го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост.

Командантот на 2-рата механизирана пешадиска бригада, потполковник Горан Петрушевски во своето обраќање пред присутните, говорејќи за животот и делото на Сандански, пришто истакна дека се горди што нивен патрон е еден од најголемите броци за самостојна македонска држава.

- Неговиот идеал за создавање на самостојна, независна, слободна држава на македонскиот народ е наша стварност, но и света обврска да ја сочуваме крваво стекнатата слобода и државност, изјави Петрушевски.

Додаде дека денес единицата претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен за извршување на борбени задачи во сите услови и во согласност со стандардите на земјите членки на НАТО.

- Пред нас се безбедносни предизвици кои од сите нас бараат максимална подготвеност, умешност и патриотски однос кон татковината, истакна Петрушевски.

Во актуелниот момент врвен приоритет на припадниците на АРМ е справувањето со бегалската криза, заштитата на државната граница и обезбедување на воени објекти. вдј/бк/14:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ