• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Повик од Владиката Иларион за запишување во богословското училиште

Повик од Владиката Иларион за запишување во богословското училиште

Кочани, 21 април 2017 (МИА) - Владиката Иларион од денешниот собир кај манастирот „Добра вода“ кај Оризари непосредно пред уписите во средно училиште упати повик до сите заинтересирани деветооделенци да се запишат во средното богословско училиште. 

- Ние како црква повикуваме и даваме благослов на сите оние кои што се заинтересирани да се запишат во богословското средно училиште кое што трае пет години и каде што ќе ги изучат богословските теолошки науки и ќе се подготват за идни свештеници пастири на црквата Христова. Сите заинтересирани кои што сакаат да се запишат во средното богословско училиште можат да се обратат и да се јават во Митрополијата за да се договориме како понатгаму, рече Иларион, Митрополит Брегалнички.

Владиката додаде дека сите заинтересирани идни средношколци ако имаат дополнителни прашања или нејаснотии и ако им треба помош околу запишувањето да се јават кај свештениците и во епархијата. кг/ев/16:22

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...