• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Oсветена новоизградената црква „Свети Лука“ во Виница

Oсветена новоизградената црква „Свети Лука“ во Виница

Виница, 7 октомври 2017 (МИА) - Во присуство на голем број верници од Источна Македонија и со света божествена архиерејска литургија денеска во Виница беше осветен новоизградениот храм „Свети Лука“, ктиторство на виничанецот Горан Ангелов.

Со светатата божествена архиерејска литургија чиноначалствуваше  неговото блаженство архиепископот  г.г. Стефан во со служение на митрополитите Иларион и Аганатангел и свештеници од Брегалничката епархија.

Обраќајки им се на присутните верници поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан истакна дека денешното осветување на овј нов храм посветен на светиот апостол Лука  се совпаѓа со одбележувањето на 50 годишнинатата од возобнувањето на МПЦ ОА.

Тој се заблагодари за ктиторството на Ангелов за овој велчичествен храм во Виница кој во иднина ке биде собиралиште на голем број верници од овој дел на државата. Поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан на ктиторот Горан Ангелов му додели орден од МПЦ за новоизградениот храм.

Агелов потоа пред присутните верници ја предаде во управување на МПЦ ОА црквата „Свети Лука“ во Виница. кг/бк/12:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...