• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Борче Хаџиев, директор на Фондот за осигурување на депозити

Борче Хаџиев, директор на Фондот за осигурување на депозити

Скопје, 27 октомври 2017

На крајот на овој месец, односно на 31 октомври се одбележува Светскиот ден на штедењето. Може ли Ваша оценка колку се сигурни во моментов штедните влогови во банките и штедилниците во Македонија?

- Штедните влогови на секој штедач во висина до 30 илјади евра во денарска противвредност се осигурани во Фондот и се безбедни и доколку некоја банка или штедилница има некој ризичен настан тие штедачи се обесштетуваат. Банките не информираат за депозити до 30 илјади евра бидејќи тие ги обесштетуваме.

Фондот постои 20 години колку штедачи се досега обесштетени и во колкав износ?

- Во досегашното постоење на Фондот за осигурување на депозити од 1997 година имаме околу 11 правни субјекти од кои седум штедилници и четири банки кои имале ризичен настан и нивните штедачи се обесштетени. Обесштетени се вкупно околу 20 илјади штедачи. Обесштетени се над 90 проценти од штедачите во штедилниците во тие 11 правни субјекти кои досега имале ризичен настан.

Станува збор во 2000 година за штедилница „Унипроком“  во која имало обесштетено 79 штедачи во износ 4,9 милиони денари, истата година Алмако банка АД Скопје со 10 обесштетени штедачи во износ 380 илјади денари, во 2003 година МИТ штедилница Куманово со 33 обесштетени штедачи, истата година Експорт импорт банка со 606 штедачи во износ од 92 милиони денари, во 2005 година Радобанка  од Скопје со 783 обесштетени штедачи во износ од 72 милиони денари, штедилница Киро Ќучук од Велес со 18 обесштетени штедачи со 3,2 милиони денари, во 2007 година Македонска банка АД Скопје со 18.286 штедачи во износ 1,1 милијарда денари. Во 2010  Инко штедилница од Скопје со 39 штедачи во износ од 11,6 милиони денари, 2010 година и штедилница Фершпед дооел Скопје која сама ги обесштети своите штедачи и 2012 година Штедилница Интерфалко Доо Скопје со 21 обесштетен штедач со 17 милиони денари.

Тоа се правните субјекти во овие 20 години во кои имало ризичен настан и во кои се обесштетени штедачите преку Фондот за осигурување на депозитите.

Останатите 10 проценти се штедни влогови со мал износ од 100 до 1.000 денари, што не е привлечно за штедачите да дојдат и да ги побараат. Ние редовно ги информираме и ги повикуваме да дојдат да ги исплатиме.

Во Македонска банка веќе над 95 проценти се обесштетени, останати се со мали износи. Многу мал е процентот на оние заштеди над 1.000 денари. Имаме лица кои не се во државата или се починати и треба оставинска постапка. Ние ги известуваме и ги повикуваме да дојдат во Фондот. Борче Хаџиев

 

Колку се заштитени парите на граѓаните во банките и штедилниците?

- Штедните влогови на граѓаните во РМ во моментов се безбедни. Порачувам да штедат, а  сигурно е и во денари и во евра.

Согласно закон се обесштетуваат штедните влогови до 30 илјади евра по штедач во секоја банка. Доколку штедачот има два штедни волга во една банка му се обесштетува еден штеден влог. Ако двата влога се во различни банки му се обесштетуваат двата. Во тие 30 илјади евра влегуваат средствата на трансакциска сметка, штедни влогови во денари и девизи и девизни приливи. Значи опфатено е се во една банка што еден граѓанин поседува до 30 илјади евра.

Праксата покажува дека обесштетувањето се врши во рок од 20 дена. Постапката е така што штедачот оди во банката по потврда за штедниот влог со кој доаѓа во Фондот и Фондот ја врши исплатата во рок од 7 до 20 денови.

Европските директиви налагаат тој рок во иднина да го намалиме на 15 денови.

Колкави се заштетите во моментов на граѓаните во банките и штедилниците во земјава?  

- Имаме добра година од почетокот на 2017 година има и пораст на штедните влогови што значи дека расте довербата на граѓаните во штедењето.

Во моментот во РМ штедните влогови на граѓаните изнесуваат некаде околу 3,8 милијарди евра или некаде околу 235 милијарди денари во банките и шедилниците.

Повеќе од половина или 50,5 проценти се во денари, а 49,5 проценти во евра. Повеќе штедат во денари најверојатно дека се повисоки каматните стапки и има стабилен курс на денарот и затоа има повеќе денарски влогови.

Најголемиот дел од депозитите на граѓаните е до 30 илјади евра бидејќи тој износ е гарантиран, но има и депозити над овој износ. Поголем дел се до 30 илјади евра. Граѓаните го знаат тоа и сами го дисперзираат ризикот со ставање депозити во повеќе банки или на повеќе лица од фамилијата.

Најмногу штедни влогови има во големите банки. Банкарскиот сектор е малку концентриран во трите најголеми банки и штедните влогови се најмногу во Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка. Овие банки се со најголем број штедачи.

Каматната стапка на штедните влогови се слични меѓу банките и секоја си одлучува. Привилегираните каматни стапки Фондот не ги обесштетува, ја обесштетува само каматата која е официјално објавена од страна на банката.

Банката ги објавува официјалните каматни стапки и кога преговара со некој клиент за да ги донесе парите кај нив дава плус и тие не се осигурани во Фондот.

Оваа година имало и пораст на депозитите во денари, како и во текот на минатата година.

Минатата година поради политичката криза имаше пад на штедните влогови, а годинава има раст од над 1 процент. Од почетокот на годината, односно во првите шест месеци има раст од 1,5 проценти во однос на тој период лани. 

На крајот на декември 2016 година имаме депозити во износ од 227.559.047 милиони денари, на крај на јануари изнесуваа 228.147.233 милиони денари и се за една милијарда повеќе, на крајот на февруари 228.994.956 милиони денари, и тука има околу 200 милиони раст. Пад се забележува во март на 227.800 милијарди денари, во април и мај се по 227 милијарди и во јуни има огромен раст и депозитите достигнуваат 229.871 милион денари.

Најголемиот дел од депозитите на граѓаните е до 30 илјади евра бидејќи тој износ е гарантиран, но има и депозити над овој износ. Поголем дел се до 30 илјади евра. Граѓаните го знаат тоа и сами го дисперзираат ризикот со ставање депозити во повеќе банки или на повеќе лица од фамилијата.

Им препорачува да штедат и дека е сигурно и во денари и во евра. Борче Хаџиев

Каква е праксата во земјите во ЕУ и во регионот. Колкав е максималниот износ кој се обесштетува во случај на ризик?

- Во иднина и директивите на ЕУ налагаат со влезот во ЕУ да се зголеми обесштетувањата до 100 илјади евра и тука може да влезе и обесштетување на депозитите на правните лица. Во моментот не се осигурани депозитите на правните лица. Се разгледува варијаната да се обесштетуваат и тоа го налага и директивата на ЕУ за осигурување на депозитите на правните лица, но само кај малите и средните претпријатија.

Во земјите од ЕУ се обесштетуваат влоговите до 100 илјди евра во Србија до 25 илјади евра, БиХ до 50 илјади конвертабилни марки.

Дали сите банки и штедилници се членки на Фондот и дали сите штедни влогови во банките и штедилниците се гарантирани?

- На територија на РМ работат 14 банки и две штедилници и сите се членки на Фондот и на сите штедачи во нив им се осигурани депозитите.

Банката или штедилницата при добивање на дозвола за работа од НБРМ има законска обврска да биде членка на Фондот за осигурување на депозити. Со тоа има законска обврска да плаќа премија за осигурување на  штедните влогови. Нема банка и штедилница во Македонија која не е членка во Фондот.

Фондот работи 20 години. Премијата што ја плаќаат банката ја наплаќа Фондот. Тие пари ги инвестира во нискоризични хартии од вредност како државни записи. Смееме и надвор, но во моментот одлуката е да инвестираме само дома и Фондот има акумулирано средства околу 250 милиони евра и од тие средства се обесштетуваат штедачите. Доколку не стигнат средствата банките плаќаат три премии однапред или Фондот има право да се задолжи и со позјмица од буџетот.

Борче Хаџиев

Сузи Котева-Стоименова

фото Дарко Попов

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...