• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Државата нема да ги остави вработените во Фени без плата

Државата нема да ги остави вработените во Фени без плата

Скопје, 24 ноември 2017 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев во попладневниот дел од собраниската седница за пратенички прашања истакна дека силно верува оти компанијата Фени ќе биде рестартирана и успешно ќе работи, посочувајќи дека државата нема да ги остави вработените без плата. 

- Не сакаме да го изгубат статусот на вработени. Заради социјалниот аспект подобро да се почека пет, десет, петнаесет дена и да останат вработени, па вработени во фирма во стечај, па повторно вратени во Фени како вработени, и со доцнење на плати кои би им се исплатиле преку гарантниот фонд што го даваат потенцијалните инвеститори отколку да интервенираме преку социјални мерки. Тогаш тие влегуваат во категоријата технолошки вишок, тоа не го посакуваме, рече Заев. 

Негов став е, кажа тој, и верува силно дека Фени ќе функционира, ќе биде рестартиран и ќе работи успешно што го темели врз основа на информациите што ги има за вкупно четирите понуди.

Минимумот што се барал за Фени бил 10 милиони евра додека понудите од компаниите достасале до 30 милиони, според премиерот. 

- Веруваме дека ќе има доволно мотивирачки елементи, посебно заради растењето на цената на никелот на берзите, да се оди и со нова дополнителна инвестиција од 40 милиони евра за финализација на производот што во моментот е на гранулати, да биде во течна состојба заради користењето се повеќе во батерии, акумулатори, како конечен производ што дефинитивно ќе определи уште една многу убава перспектива на Фени, а која што е многу значајна за работниците, рече Заев. 

Претходно на прашањето за Фени посватено од Панчо минов зборуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој истакна дека решение за Фени ќе има за месец и половина. Во однос на платите на вработените, кажа дека се додека Фени има легитимен сопственик, државата не може да интервенира. - Интенцијата е веднаш да им се најде работа, рече Анѓушев посочувајќи дека за да ги заштитат вработените интенцијата е откако ќе се прогласи стечај, утредента веднаш да бидат вработени.   

Винарската визба Повардарие на лозарите им должи над еден милион евра, а тој долг изнесувал 3,4 милиони евра, истакнаа премиерот Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Откако винарската визба, која дала ветување, го исплати долгот кон лозарите и си ја поврати лиценцата ќе ги добие субвенциите од 700 илјади евра што го има како побарување, појасни Заев. 

Премиерот смета дека политиките на субвенционирање што ги почнала минатата влада се успешни и рече дека како добри ги продолжува и неговата Влада. 

Во однос на прашањето за казнените камати за граѓаните, премиерот посочи дека таму може да се интеревенира само во делот на државните или јавните институции, но не и кај приватните компании  

 

- Како Влада веруваме дека ако се изнајдат законски можности, а постојат, сите државни институции повеќе се фокусираат на наплата на главнината, а да продуцира бришење на камати и затезни камати што се пресметуваат при наплата, рече Заев кој верува дека на ваков начин ќе им се помогне на најсиромашните. Како Влада, додаде тој, можеме да им сугерираме на приватните или компаниите со доминатно приватен капитал да го следат ваквиот пример за да им помогнеме на граѓаните.

 

Министерот за информатичко општгество и администрација Дамјан Манчевски одговарајќи на прашање на пратеникот Артан Груби за унапредувањата на административците во Секретаријатот за рамковен договор, посочи на новите измени на зкаонот за државни службени, што според него може да помогне големиот број лица со пониски звања во администрацијата да можат да се унапредат. Во многу институции според Манчевски има испразнети раководителски места, и вработени кои долго време биле држени на најниско ниво. 

Во однос на оние 1.600 лица кои се уште не се распоредени на работа, министерот кажа дека се прават напори тие да добијат работни места но оти тесен е просторот каде може да бидат прераспределени. ев/18:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...