• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Новогодишни пакетчиња и театарска претстава за деца во социјален ризик

Новогодишни пакетчиња и театарска претстава за деца во социјален ризик

Скопје, 27 декември 2017 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика заедно со повеќе општествено одговорни компании обезбедија новогодишни пакетчиња за децата згрижени во институциите и дневни центри под надлежност на ова Министерство. Денеска беа врачени пакетчиња на деца од неколку институции во Скопје, а децата ја проследија и претставата „Зимска бајка“ во Театарот за деца и младинци, каде ги поздрави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

- Животот на овие дечиња кои ќе ја гледаат претставата е далеку од бајка. Но ние се трудиме со секој чекор да го подобриме нивното живеење и тие да следат и претстави и да добиваат посоодветни услуги од страна на институциите во кои живеат и конечно да добијат потопла и посемејна атмосфера во функционирањето и заштитата на овие деца, изјави министерката.

Потенцирајќи дека сите предновогодишни активности што ги спроведуваат се во соработка со општествено одговорни компании, а годинава пример се Зегин и Дајнерс, рече дека компаниите се заинтересирани да вложат во најранливите групи граѓани.скс/сд/11:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...