• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 јануари 2018, 

Тримесечно бебе загина во сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

Тримесечно бебе загина во сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

Скопје, 3 јануари 2018 (МИА) - Тримесечно бебе загина, додека пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 17.20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод, меѓу селата Србјани и Староец, потврдија од МВР за МИА.

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево.

Сообраќајот во моментот се пренасочува по алтернативни патишта. нд/аа/20:00

###

 

МИА фото-архива

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.