• A-
  • A
  • A+
недела, 25 февруари 2018, 

Заев се сретна со делегација на организацијата „Лајонс Македонија“

Заев се сретна со делегација на организацијата „Лајонс Македонија“

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска на средба со делегација на интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите (ЛЦИ) „Лајонс дистрикт 132-Македонија“ ја поздравил нивната хуманитарна мисија и придонесот за претставување на Македонија, нејзините туристичките потенцијали и можностите за инвестирање на меѓународен план.

Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознале премиерот со најновите активности, како што е соработката со локалната самоуправа за организирање акции за подобрување на животната средина.

Заев ја прифатил поканата да го отвори Европа Форумот – 2018, кој ќе се одржи од 25-27 октомври годинава во Скопје, оценувајќи дека организирањето такви големи настани се идеална можност за презентација на можностите за инвестирање во Македонија, за претставување на туристичките и економските капацитети.

Делегацијата на Лајонс предводена од Небојша Давидовски, основач на првиот Лајонс клуб во земјата, придружуван од членовите Соња Бојаџиева и Зоран Трајковски, на премиерот  му подарила значка по повод 100 години од постоењето на најголемата светска сервисна организација, на глобално ниво која брои околу 1.350.000 члена, здружени во повеќе од 46.000 клуба.

Мисијата на меѓународната организација е насочена кон организирање различни активности за подобрување на животот на слепите и слабовидните лица, лицата болни од дијабетес, социјално ранливите категории, како и активности во екологијата. лв/вг/18:48

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ