• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД

Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД

Вашингтон, 12 јануари 2017 (МИА) - Директорот на американската Национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер го демантира новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека службата доставила до медиумите доверлив извештај со непотврдени информации за неговата поврзаност со Русија.

Клапер додаде дека истекувањето на податоците многу го вознемирило.

Тој посочи дека разговарал со Трамп за извештајот во кој се тврди дека Русија поседува компромитирачки лични и финансиски податоци за новоизбраниот претседател на САД.

Трамп ги обвини американските разузнавачки служби дека ги дале доверливите документи на медиумите.

- Истакнав дека таквиот документ не е производ на разузнавачката заедница на САД и оти не верувам дека информациите ги дал некој од заедницата, посочи Клепер.

Извештајот содржи недокажани информации од неименувани извори за соработка меѓу блиските соработници на Трамп и Русија за хакирањето на компјутерите на членови на Демократска партија, како и недокажани тврдења за необичните сексуални активности на новоизбраниот претседател на САД. ми/сп/11:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателс...

Израелски научници се подготвуваат за мисија на Марс

Д - Марс е првиот проект спроведен во Израел во со...

Мадона уште еднаш на операција за подмладување

И на прагот од седмата деценија од животот, Мадона...

Доцнењето некогаш може да спаси живот

Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и п...

„Нестле Кит Кет“ прогласена за најдобра чоколада на светот

Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Н...