• A-
  • A
  • A+

сабота, 24 јуни 2017, 

Билансот на загинатите во поплавите во Перу достигна 75 лица

Билансот на загинатите во поплавите во Перу достигна 75 лица

Лима, 20 март 2017 (МИА) - Најмалку 75 лица загинаа, а 363 се повредени во најголемите поплави, кои го погодија Перу во изминативе 20 години.

Во поплавите, кои се случија како последица на интензивните врнежи и излевањето на реките, повеќе од 70 илјади лица останаа без покрив над главата, соопштија перуанските власти.

Поројни дождови, проследени со бури го зафатија перуанското северно крајбрежје, со обилни излевања на реките и создавање на свлечишта, а голем број села останаа изолирани, бидејќи патиштата се поплавени, а мостовите разурнати поради излевањето на реките. 

Поројните дождови се последица на феноменот Ел Нињо, кој предизвика ненормално загревање на пацифичите води, изјави еден од научниците на перуанскиот Одбор за проучување на овој феномен и најави дека тој би можел да трае и следниот месец. 

Врнежите се десет пати пообилни од вообичаено, а поединечни делови на земјата останаа без струја и вода. ац/сп/11:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...

Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Гер...

Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австр...

Индиско село се прекрсти во - Трамп

Индиско село се преименува од Марора во – Трамп, н...

Шерон Озборн ја шокирала внуката порачувајќи и стриптизер

Сопругата на Ози Озборн, Шерон Озборн (64) и најми...