• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Трамп: Тврдењата за руската интервенција на изборите во САД се измислица на демократите

Трамп: Тврдењата за руската интервенција на изборите во САД се измислица на демократите

Вашингтон, 20 март 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини демократите дека ги измислиле тврдењата за руската интервенција на претседателските избори во САД минатата година, нагласувајќи дека Конгресот и ФБИ треба да ги проверат информациите што биле објавени во медиумите. 

- Демократите измислија и лансираа приказна со Русија, како алиби за тоа што водеа ужасна кампања. Имаа голема предност во изборниот колегиум и загубија!, напиша Трамп на неговиот Твитер налог. 

- Вистинската приказна, што Конгресот, ФБИ и останатите треба да ја проучат е протекувањето на класифицирани информации. Сега треба да се открие од каде дошло истекувањето!, изјави американскиот претседател.

Трамп ја даде оваа изјава неколку часови пред сослушувањето, на кое се предвидува директорот на ФБИ Џејмс Коми и дирекоторот на Агенцијата за национална безбедност Мајкл Роџерс да дадат докази за тврдењата за руските хакерски дејствија и за тоа дали Русија била поврзана со предизборната кампања на Трамп. 

Сослушувањето пред комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом е едно од неколкуте истраги на комисијата на Конгресот за тврдењата за руската вмешаност. 

Трамп напиша на Твитер дека поранешниот директор на националната разузнавачка служба Џејмс Клапер, синоќа во ТВ интервју наведе дека не знае дали има докази што би го поврзале Трамп или неговиот тим со Русија. 

- Џејмс Клапер и други луѓе изјавија дека нема докази дека претседателот на САД конспирирал со Русија. Таа приказна е лажна вест и сите го знаат тоа!, нагласи Трамп. см/ссм/15:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...