• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

Несекојдневна колекција накит инспириран од природата (видео)

Несекојдневна колекција накит инспириран од природата (видео)

Марсеј, 7 септември 2017 (МИА) - Најновата колекција на Ван Клиф енд Арпелс, „Ле Сикрет“ претставува совршена комбинација од скапоцени камења, а заснована е на визии, инспирирани од природата.

За да се создаде овој уникатен ефект, потребни биле стотици часа работа за целиот тој мозаик од камчиња, шаренило, но и практичност и удобност. Секако, убавината и луксузот не е ниту едноставна, а ниту евтина работа, а колекцијата содржи околу 100 гламурозни парчиња накит. Сама по себе, таа претставува оригинален спој на талент и вештини.

Инспирирана од природата и изгледот на некои амајлии, „Ле Сикрет“ потсетува на тајна градина од скапоцености во облик на бујни цвеќиња, егзотични дрвја и шаренолики пеперутки. Мајката природа е една од најнеисцрпните инспирации за креативните раце. си/гт/11:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.