• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Рачно изработени лампи во форма на животни

Рачно изработени лампи во форма на животни

Тел Авив, 18 септември 2017 (МИА) - Во зависност од големината на просторијата, бојата, мебелот и распоредот, осветлувањето во собата мора да биде внимателно избрано со цел да се истакнат најдобрите карактеристики.

Една едноставна светилка, малата и темна соба може да ја претвори во личен рај, совршен за уживање.

Луксуз осветлување

Овој пат ви претставуваме лампа која на вашиот дом или канцеларија ќе ви донесе едноставност и хумор. Станува збор за рачно направени светилки дело на израелскиот уметник Амита Стурлесија, а претставуваат животни. Тие се направени од ласерски сечено акрилно стакло кое од долната страна осветлено со скриени ЛЕД диоди.

Парчиња светлина од лустерот до светилки од сите видови, се достапни во различни форми и од најразлични материјали, па таму можете многу лесно да пронајдете она што совршено ви одговара. Без разлика дали сакате префинет амбиент, разиграна атмосфера или сериозно опкружување, осветлените варијации ви се на располагање. Се што треба да направите е да одлучите што сакате да постигнете. ви/сп/18:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.