• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

УКИМ ги награди 10-те најдобри научници во 2013 година

Скопје, 6 февруари 2014 (МИА) - Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ им додели признанија на десет научници кои се прогласени за најдобри во 2013 година со одлука на Универзитетскиот сенат.

Наградите, кои УКИМ ги доделува втора година, на годинашните добитници им ги врачија министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски. Научниците се од шест факултети на УКИМ и од седум струки. Наградата има паричен износ - еднократен надомест од 30.000 денари.

За најдобри научници на УКИМ во 2013 се избрани: Дончо Димовски, Билјана Пејова и Ирена Стојковска од Природно-математичкиот факултет; Тони Јаневски и Зоран Хаџи-Велков од Факултетот за електротехника и информациски технологии; Миша Докмановиќ и Тања Каракамишева-Јовановска од Правниот факултет; Гоце Спасовски од Медицинскиот факултет; Жарко Костовски од Факултетот за физичка култура и Фадил Хоџа од Филолошкиот факултет.

Каракамишева-Јовановска во име на сите наградени се заблагодари за ентузијазмот и посветеноста на ректорот и Ректорската управа да ја востановат оваа награда минатата година и рече дека тоа ќе го зацврсти брендот на УКИМ како најстар и најдобар универзитет во Македонија.

- Преку оваа награда и преку сите политики кои ги спроведува Ректорската управа, УКИМ ќе оди многу далеку во рангирањето на светската листа на реномирани универзитети и ќе се покаже дека Република Македонија, и покрај скромните можности, има со што да се пофали, има вистински вредности, успешни, вредни научни работници кои знаат достојно да ја презентираат државата дома, но и надвор, рече Каракамишева-Јовановска.

Ректорот Стојковски истакна дека наградата е придонес на УКИМ во подобрувањето на стандардот на научно-истражувачкиот потенцијал на Македонија и во стимулирањето на истражувањата.

- Во изминатата година на нашиот Универзитет се издвоени 9,5 милиони денари за подобрување на научно-истражувачките капацитети. Ова е скромен придонес и заедно со се она што го чини државата - опремување лаборатории, печатење книги и научни публикации, Универзитетот оди во позитивна насока и еден ден сигурно ќе биде меѓу првите 500 рангирани на светската Шангајска листа,  рече Стојковски.

Министерот Ристовски изјави дека Владата и МОН сериозно инвестираат во науката и развојот на иновациите. Ги повика заинтересираните научници да аплицираат за средствата кои МОН  ги доделува преку Програмата за научно-истражувачка дејност.

- Таа оваа година изнесува 108 милиони денари што е речиси 18 милиони денари повеќе од минатата година. Апелирам сите да аплицираат и да искористат што пголем дел од овие срества, зашто само на тој начин, со директна поддршка и со нивна активност, може да се обезбеди комплетен бенефит за развојот на науката, а со тоа и за развојот на Република Македонија воопшто, истакна  Ристовски. хс/дма/13:23

 

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...