• A-
  • A
  • A+

сабота, 29 април 2017, 

Унгарските спасувачки служби евакуираа гости од хотел зафатен од снежна виулица

Унгарските спасувачки служби евакуираа гости од хотел зафатен од снежна виулица

Будимпешта, 21 април 2017 (МИА) - Унгарската служба за заштита на населението од катастрофи денеска спаси околу 200 туристи, кои три денови биле блокирани во планински хотел од снежна виулица, што е невообичаена за оваа сезона. 

Сите гости се надвор од животна опасност, тие го напуштија хотелот со нивните автомобили, откако беа организирани специјални конвои со цел да им помогнат, наведе локален претставник. 

Снежната бура во средата ги блокирала гостите во хотелот „Галја“, што се наоѓа во планината Матра. 

При драстичната промена на временските услови температурите во регионот се спуштиле под нулата. см/ссм/19:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Зошто речиси сите ликови од цртаните филмови се со жолта боја?

Сунѓер Боб, Симпсонови, птичката Твити и уште мног...

Дневник на Џон Кенеди продаден за „астрономска“ сума

Дневник на Џон Фицџералд Кенеди, напишан во 1945, ...

Руски обвинител бара 3,5 години затвор за блогер што ловел покемони в црква

На судски процес во рускиот град Екатеринбург обви...

Фотографија којашто расплака милиони луѓе

На интернет страницата „Love What Matters" (сакај ...

Скица на омот проценета на 60.000 долари

Скица за омотот на албумот „Sgt. Pepper's Lonely H...